• среда, 18 декември 2024

Минхенска безбедносна конференција во знакот на неизвесност за улогата на Западот во светот

Минхенска безбедносна конференција во знакот на неизвесност за улогата на Западот во светот
Минхен, 14 февруари 2020 (МИА) - Организаторите на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција, што почна денеска, во прв план ја истакна темата „Недостаток на значењето на Западот“ (Westlessness). Бриселскиот портал „Политико“ истакнува дека изразот потекнува од Монти Пајтон за Западот.   - Бриселските официјални претставници за кибер безбедност можат да се поистоветат со изразот „Недостаток на значењето на Западот“ откако увидоа дека важните технолошки сектори синџирот на снабдување го преместуваат надвор од Европска Унија, а нивните мрежи се компроминтирани со грозна регулатива, наведува „Политико“. Додека британскиот весник „Економист“ наведува дека расположението на Минхенската конференција за безбедност е тмурно. Организаторите на Конференцијата го истакнуваат „раширеното чувство на непријатност и немир поради се поголемата неизвесност за трајната цел на Западот“. - Америка и Европа продолжуваат да страдаат поради своите трговски спорови, Иран и израелско-палестинските судири, додека тензиите помеѓу НАТО сојузниците, Франција и Турција растат во источниот дел на Средоземно Море. Заканата од Кина доби ново значење за Западот откако коронавирусот од Вухан зарази десетици луѓе ширум Европа, посочува „Економист“. На 56. Минхенска безбедносна конференција е најавено учество на над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана. Во Минхен исто така се и претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. ми/

Остани поврзан