• среда, 25 декември 2024

Мини фестивал „Саботи на светска музика“ на 17 февруари во Јавна соба

Мини фестивал „Саботи на светска музика“ на 17 февруари во Јавна соба

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Со концертот на неофолк бендот „Калата“, во Јавна соба во Скопје во сабота, 17 февруари, ќе почне мини фестивалот „Светско, а наше – Саботи на светска музика“.

„Калата“ е неофолк бенд од Скопје, кој прави паралела помеѓу источната и западната култура, со акцент на традиционалната македонска музика.

Од 2018 година, „Калата“ настапува на Д-Фестивал, Пин Музичка конференција и европски фестивали како MMVV (Barcelona) и Balkan Most Festival (Veszprem). „Калата“ е исто така дел од MOST Music Programme – балканска музичка експорт програма, што поддржува светски музички уметници и бендови од Балканот.

Нивниот прв албум „Калата“ кој треба да биде објавен на почетокот на 2024 година, а дел од овој материјал ќе биде претставен и пред публиката во Јавна Соба на 17. февруари.

Членови на „Калата“ се Минела Богдановиќ - вокал, Марија Илиевска - бек вокал, Симеон Ангеловски - бас, Александар Бошков - гитара, Кирил Кузманов - саксофон и Дамјан Грујо - тапани. Следните домашни музички артисти кои се дел од овој проект се Зарина Првасевда со својот бенд, како и Фолтин од Битола.

Овие музички сеанси ќе можат да се купат онлајн на „drugastrana.mk“. 

„Светско, а наше – Саботи на светска музика“ е во организација на Јавна Соба од Скопје. бт/аа/

Фото: Постер

 

Остани поврзан