• вторник, 24 декември 2024

Министрите од Г-20 го поддржаа финансирањето на Светската здравствена организација

Министрите од Г-20 го поддржаа финансирањето на Светската здравствена организација

Рио де Жанеиро, 1 ноември 2024 (МИА) - Министрите за здравство на земјите од Г-20, на состанокот со кој претседава Бразил, поддржаа нова рунда инвестиции во рамки на финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО).

Министрите ги повикаа сите членки и партнери да придонесат во првиот круг на финансирање за инвестирање во новата глобална здравствена стратегија на СЗО, чија цел е да го подобри животот на милијарди луѓе и да спаси 40 милиони животи, објави СЗО.

Директорот на СЗО, Тедрос Адам Гебрејесус изјави дека досега на овој начин се обезбедени една милијарда долари и дека 63 земји се обврзале да дадат свој придонес. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан