• среда, 25 декември 2024

Министрите за одбрана на Западен Балкан во вторник на конференција во Австрија

Министрите за одбрана на Западен Балкан во вторник на конференција во Австрија
Виена, 9 септември 2021 (МИА) - На покана на министерката за одбрана на Австрија Клаудија Танер, во вторник, во Кремс, провинцијата Долна Австрија, ќе се одржи конференција на министрите за одбрана на земјите од Западен Балкан. Како што е најавено, на состанокот ќе присуствуваат министрите за одбрана на Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија. Целта на состанокот е дополнително зголемување на безбедноста и политичката стабилност на Западен Балкан. Според Виена, оваа стабилност мора да се зајакне преку преговори и регионална и билатерална соработка. паг/  

Остани поврзан