• сабота, 28 декември 2024

Министрите за одбрана и цивилна заштита на Грција од Еврос порачаа дека грчките граници се заштитени од секаков вид закани

Министрите за одбрана и цивилна заштита на Грција од Еврос порачаа дека грчките граници се заштитени од секаков вид закани
Атина, 20 август 2021 (МИА) – Порака дека границите на Грција се безбедни и заштитени, а земјата ќе се одбрани од било каква закана, испратија министрите за одбрана и цивилна заштита на Грција Никос Панајотопулос и Михалис Хрисохоидис по нивната посета на Еврос, каде што се сретнаа со претставници на војската и ја проверија ситуацијата на граничните премини, како и текот на изградбата на железната ограда на границата со Турција, јави дописничката на МИА од Атина. -Грција продолжува да се заштитува од секакаква потенцијална или постоечка безбедносна закана. Ова е волјата на Владата, ова е се наредбите и упатствата на самиот премиер. Потребна е организација, потребен е план, потребен е труд, многу работа долго време, па така потребно е и време, потребна е континуирана будност и подготвеност, но сето ова постои. Се покажа дека постои. А сега овој план се спроведува, истакна министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос. Министерот за цивилна заштита на Грција рече дека границите се заштитени и нема да дозволат никаков обид за прекршување. -Ги поддржуваме демократските права и слободи на луѓето, но паралелно не можеме да дозволиме инструментализација на мигрантските бранови кои евентуално би произлегле. Наша одлука е, и ова е наредбата од премиерот, која денеска ја пренесуваме до претставниците на армијата и полицијата. Наша одлука е одбраната и безбедноста на нашите граници. Нашите граници ќе останат безбедни и неповредливи, рече Хрисохоидис. Додаде дека овие денови завршува изградбата на оградата од околу 40 километри на Еврос. Двајцата министри во средата учествуваа на состанокот на владиниот совет за национална безбедност свикан од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за последните случувања во Авганистан, а било разговарано и за планот, како на европско и на билатерално, така и на национално ниво за потребата за заштита на границите и избегнување нова хуманитарна криза, како и за спречување на илегални влезови во земјата. ср/сд/

Остани поврзан