• петок, 27 декември 2024

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за Хонгконг

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за Хонгконг
Берлин, 3 јули 2020 (МИА) - Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија ќе разговараат за ситуацијата во Хонгконг на средбата закажана на 13 јули, изјави денеска на прес-конференција во Љубљана шефот на германската дипломатија Хајко Мас, чија земја моментно претседава со ЕУ. Тој претходно истакна дека спроведувањето на новиот кинески закон за национална безбедност во Хонгконг „е крајно загрижувачко бидејќи сметаме дека автономијата на Хонгконг постепено се уништува“. Германската канцеларка Ангела Меркел во меѓувреме даде слични коментари, изразувајќи стравување дека „контроверзниот закон ја загрозува автономијата на Хонгконг“. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан