• петок, 27 декември 2024

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Романија изразија поддршка за територијалниот интегритет на Украина

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Романија изразија поддршка за територијалниот интегритет на Украина
Софија, 27 јануари 2022 (МИА) - Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска имаше телефонски разговор со нејзиниот романски колега Богдан Ауреску, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата изразиле силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Генчовска и Ауреску разговарале и за можноста за заедничка посета на Киев во знак на солидарност со Украина. Министерката Генчовска упати честитка по повод 30-годишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство меѓу Бугарија и Романија. Двајцата министри ги потврдија одличните односи меѓу Бугарија и Романија и разговараа за продлабочување на соработката меѓу Софија и Букурешт. Генчовска го покани својот колега Ауреску во официјална посета на Софија. нк/паг/
 

Остани поврзан