• вторник, 24 декември 2024

Министер од опозицијата ја напушти владата на Нетанјаху бидејќи не е дел од воениот кабинет

Министер од опозицијата ја напушти владата на Нетанјаху бидејќи не е дел од воениот кабинет

Тел Авив, 26 март 2024 (МИА) – Израелскиот министер Гидеон Сар, кој се приклучи на вонредната влада за национално единство на премиерот Бенјамин Нетанјаху по нападот на Хамас на 7 октомври, соопшти дека поднел оставка откако не бил вклучен во воениот кабинет.

Сар се приклучи на владата заедно со неколку други членови на опозицијата за да помогне во водењето на војната против Хамас во Газа.

Заминувањето на Сар, заедно со уште еден негов сојузник, не се очекува да влијае на стабилноста на владата на Нетанјаху.

Сар порано беше ривал на Нетанјаху во десничарската партија Ликуд, по што му се приклучи на центристичкиот блок предводен од поранешниот воен началник Бени Ганц. Тие заедно влегоа во вонредната влада. Ганц стана член на воениот кабинет, мало тело за одлучување, додека Сар беше изоставен од него.

- Не можам да носам одговорност ако немам, според мене, реална можност да влијаам врз насоката на политиката. Едноставно не гледам никаква корист во ова, изјави Сар.

Неговата оставка не беше изненадување бидејќи Сар го прекина сојузот со Ганц претходно овој месец. јт/

Фото: Скриншот Х

Остани поврзан