• сабота, 23 ноември 2024

Министертсвото за економија да ја преиспита одлуката околу роковите за завршните сметки, бараат сметководителите

Министертсвото за економија да ја преиспита одлуката околу роковите за завршните сметки, бараат сметководителите
Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) - Одредени структури во Министерството за финансии и натаму, крајно посветено и пожртвувано се залагаат за уништување на крвотокот кој е единствената врска меѓу државата и стопанството, обвини денеска Комората на сметководители и побара Министерството за економија да ја преиспита одлуката според која не може да се пролонгираат роковите за поднесување на финаниските извештаи и завршните сметки. Комората апелира Министерството да го исполни јавно даденото ветување дека ќе се најде решение за овој проблем. Сметководителите на прес-конфернција укажаа дека бараат рокот за хартиени годишни сметки да биде до 30 април, а за електронски до 15 мај. Се надеваат, како што рекоа, дека нема да има потреба да преземаат порадикални чекори, но какво ќе биде нивното натамошно делување ќе зависи од одговорот на институциите. -Министерството деновиве ни одговори дека не е возможно пролонгирањето на роковите зашто ќе биде нарушен квалитетот на статистичките извештаи поврзани со ЕУ. Најитно бараме да ја преиспита ваквата одлука. Во дописот се вели и дека барањето за пролонгирање на роковите не може да се оствари поради обврска за запазување рок за јавно објавување и доставување за надлежни институции во ЕУ. За какви рокови зборуваме кога земјите членки на ЕУ имаат подолги рокови? Во Хрватска рокот е до 31 март, во Германија до 30 јуни, а во Франција и Шведска до 31 јули. Микрофимрите во Германија за 2019 година уште ги немаат поднесено завршните сметки, истакна претседателот на Комората на сметководители, Драган Митковски. Според него, иако министерот за економија јавно најави повлекување на Законот и решавање на проблемот, до Комората пристигнал одговор дека роковите нема да бидат проодлжени. -За каков квалитет на статистички податоци зборуваме кога, немајќи доволно време за изработка, фокусот на сметководителите ќе биде ставен исклучиво на запазување на ригидните и кратки рокови. Со тоа се доведува во прашање анализата и веродостојноста на податоците, а со тоа, пак, ќе се доведат во загрозена ситуација и сите претпријатија кои поеднакво одговараат во овие извештаи, посочи Митковски. Поради кризата, додаде, сметководителите имаат драстично зголемен обем на работа, а човечките и временските ресурси им се намалени. Дополнително, на нивен грб падна и целиот товар од претходните мерки. Александра Андреева која е член на УО на Комората на сметководители рече дека „одредни структури во  министерствата за економија и за финансии со своето неработење создаваат хаос кај сметквоодителите и фирмите“. -Министерството за економија се повикува на консултации направени со Министертсвото за финансии. Тоа создава впечаток дека одредени структури во овие две министерства постојано се во конфорна зона и со своето неработење создаваат хаос кај сметквоодителите, фирмите и институциите кои на терен ги спроведуваат измените, УЈП, Централниот регистар, со што во континуитет имаат дежурни виновници. Имајќи предвид дека Министерството за финансии не е надлежно за Законот за трговски друштва во кој се бараат измените, според економската логика не може да не се прашаме дали за ова Министерство полнењето на Буџетот е приоритет наспроти зачувувањето на здравјето и дигнитетот на сметководителите, но и на сите претпријатија за обезбедување точни и квалитетни финансиски извештаи, нагласи Андреева. Таа оцени и дека Министерството за финансии веќе години наназад е глуво за проблемите со кои се соочувааат сметководителите. -Со одговор на поднесените барања за повлекување на предлог измените на Законот за врешење сметководствени работи и конечно формирање работна група за креирање нов закон, структури во ова институција и понатаму, крајно посветено и пожртвувано се залагаат за уништување на крвотокот кој е единствената врска меѓу државата и стопанството, потенцира Андреева. Комората на сметководители уште еднаш порача дека одложувањето на роковите за финансиските извештаи и завршни сметки е клучно за нивно квалитетно изготвување. мч/

Остани поврзан