• среда, 21 јануари 2026

ЈП Македонијапат: Сите патни правци се проодни, оние на кои паѓа снег континуирано се чистат

ЈП Македонијапат: Сите патни правци се проодни, оние на кои паѓа снег континуирано се чистат

Скопје, 21 јануари 2025 (МИА) - Сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Онаму каде што паѓа снег континуирано се чисти со координирани активности на ЈП „Македонијапат“ во соработка со Министерството за транспорт.

Како што информираат од ЈП „Македонијапат“, нивни екипи се целосно екипирани и со цела механизација и работна сила на терен вршат континуирано чистење на државните патишта.

Се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособена брзина во согласност со условите на патните правци.

- Во текот на целиот ден остануваме на терен со цел што понепречено и безбедно одвивање на сообраќајот - велат од Јп Македонијапат. сст/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан