• вторник, 24 декември 2024

Министерство за одбрана: Нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак

Министерство за одбрана: Нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак

Скопје, 18 јули 2025 (МИА) - Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата вечерва информираат дека нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак и сите критични објекти се безбедни.

Соопштението е заради „транспарентно и вистинито информирање“ откако во медиуми и на социјални мрежи имало објави во врска со пожарите во реонот на армискиот полигон Криволак.

-Генералштабот на Армијата информира дека во текот на попладневните часови на Армискиот полигон Криволак имаше опожарени стари дотраени објекти кои не се од критично значење и се користени како помошни простории за време на логорувања. Сите армиски инфраструктурни објекти од посебно значење се безбедни и обезбедени согласно проценките и согласно армиските процедури тие имаат дополнително инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина од повеќе десетина метри, соопшти Министерство за одбрана и Генералштаб на Армијата. 

Аармиските припадници кои се на терен локализирале краци на пожарите кои, како што се наведува, „може да бидат потенцијално загрозувачки за инфраструктурни објекти од посебно значење“. 

-Исто така, во рамки на командата на полигонот има доволен број на противпожарни средства и опрема, како и персонал во постојана готовност за навремено ангажирање за спречување на опожарување на секој објект од посебно значење, стои во соопштението. 

При ангажирањето во гасење на пожарите, велат од ГШ и Министертството за одбрана, се почитуваат сите безбедносни процедури за припадниците на армијата и се преземаат сите пропишани мерки за безбедност и лична заштита. хс/нд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан