• среда, 27 ноември 2024

Министерството за правда ги подготви измените на Изборниот законик

Министерството за правда ги подготви измените на Изборниот законик

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) – Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготви измените на Изборниот законик во кој се внесени препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Како што информираат од Министерството за правда, министерот Кренар Лога го поддржува предлогот на работната група, платеното политичко рекламирање да не биде повеќе на товар на државата.

- Со оглед на тоа што на лидерска средба е договорено овој законик да оди во Собранието преку пратеници, Министерството за правда ќе ја достави работната верзија до сите парламентарни политички партии. Одговорноста за донесувањето и содржината на Изборниот законик ќе биде на пратениците во Собранието на РСМ, стои во соопштението од МП.

Оттаму дополнуваат дека Предлогот на Изборниот законик содржи 58 члена кои ќе придонесат кон зајакнување на улогата на институциите одговорни за спроведување на одредбите од овој Законик. ар/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан