• недела, 24 ноември 2024

Министерството за здравство потврди дека има жртви во пожарот во модуларната болница - Тетово

Министерството за здравство потврди дека има жртви во пожарот во модуларната болница - Тетово
Скопје, 8 септември 2021 (МИА) - Во пожарот што го зафати вечерва Ковид центарот во Тетово има жртви, соопшти вечерва Министерството за здравство (МЗ). -Министерството за здравство информира дека вечерва страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов, наведува Министерството. Пожарот, како што велат од МЗ, е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Повредените лица итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Министерот за здравство Венко Филипче е во Тетово, а по завршување на увидот, од Министерството велат дека ќе информираат за фактичката состојба. дма/мч/  

Остани поврзан