• вторник, 12 ноември 2024

Министерството за здравство на Кипар им препорачува на граѓаните да се тестираат еднаш седмично

Министерството за здравство на Кипар им препорачува на граѓаните да се тестираат еднаш седмично
Никозија, 14 јули 2022 (МИА) - Министерството за здравство на Кипар им препорачува на граѓаните, независно од тоа дали се вакцинирани или не, да се тестираат еднаш седмично или со селф тест (тест за домашна употреба) или со рапид тест, но и да се тестираат со селф тест пред и по посетата на места со гужви,  јави дописничката на МИА од Атина. На денешната седница на кипарската Влада, освен препораката до граѓаните за тестирање, било одлучено од 18 јули, за посета на пациенти кои се лекуваат во приватните или државните болници, како и за посети на лица згрижени во домовите за стари лица, дозволени се посети од најмногу две лица дневно и со задолжителен претходно направен ПЦР или рапид тест. Дополнително, вакцинацијата со втората бустер, односно со четвртатат доза ќе се прошири и за лица со сериозни здравствени проблеми, доколку се поминати пет месеци од третата доза. Одлуките, како што соопштија од Министерството за здравство на Кипар, доаѓаат поради брзото пренесување на варијантите БА.4 и БА.5 кои се 90 отсто доминантни во земјата, по што министерот за здравство Михалис Хаѕипанделас во координација со Комисијата на епидемиолози на денешната владина седница ги предложил конкретните мерки кои биле прифатени. Поради зголемениот број нови случаи на Ковид-19 , од минатата седмица, маската повторно е задолжителна во сите затворени простори на Кипар, а за непочитување на мерката, предвидена е казна од 300 евра. ср/

Остани поврзан