• петок, 27 декември 2024

Министерството за животна средина ќе ги презентира резултатите од акцијата „Генералка викенд“

Министерството за животна средина ќе ги презентира резултатите од акцијата „Генералка викенд“
Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе ги презентира резултатите од еколошката акција за чистење на отпадот „Генералка викенд“, што беше спроведена од 6 до 8 мај во 26 општини во државата. Настанот ќе се одржи кај Школка во Градскиот парк во Скопје. По презентацијата најавени се изјави на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, генералниот директор на „Пивара Скопје“, Горан Сладиќ, извршниот директор на „Пакомак“, Филип Ивановски и претставниците на „Мен енд Маунтен“ ДОО, кои веќе втора година по ред ја спроведуваат оваа акција. бак/сп/

Остани поврзан