• четврток, 26 декември 2024

Министерството за економија и Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст потпишаа Меморандум за соработка

Министерството за економија и Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст потпишаа Меморандум за соработка

Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст, Дејан Јаневски, денеска во Министерството за економија потпишале Меморандум за соработка.

Како што соопштија од Министерството за економсија, потпишувањето ја официјализирало меѓусебната соработка во насока на зголемувањето на продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектор, поддршка на енергетската ефикаснот, циркуларната економија и дигитализацијата. Целта е, појаснуваат, преку координирана соработка и размена на информации ефикасно да се одговори на потребите на компаниите. Имено, двете страни ќе работат на спроведување на пилот проекти заедно со компаниите, а најуспешните од нив ќе станат активни мерки за поддршка на приватниот сектор во програмата на Министерството. Овие заеднички активности, се вели во соопштението,  ќе придонесат за создавање на усогласени мерки и политики со правната рамка на ЕУ и континуирана поддршка на приватниот сектор на патот кон неговиот развој.

Министерот Бектеши се заблагодарил за досегашната поддршка која континуирано ја добива Министерството за економија од УСАИД.

- Само со партнерски однос можеме да придонесеме во подобрување на деловното окружување во нашата земја, рекол Бектеши.

За време на потпишувањето, директорот на Активноста Дејан Јаневски, изјавил дека соработка со Министерството секогаш постоела, а со овој чин на потпишување на Меморандумот се даваат само конкретни насоки за заеднички активности и консолидација на напорите за да се зголеми економскиот раст во државата.

- Ние сме партнери на приватниот сектор на патот кон неговиот раст и развој, а создавањето партнерства е формула за успех, изјавил Јаневски, соопштија од Министерството за економија. цр/лв/

Фото: Министерство за економија

Остани поврзан