• среда, 27 ноември 2024

Министерски состанок на ЕУ по најавата на Путин за мобилизација резервисти

Министерски состанок на ЕУ по најавата на Путин за мобилизација резервисти
Њујорк, 21 септември 2022 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Европската унија вечерва ќе одржат итен неформален состанок во Њујорк на маргините на годишното заседание на Генералното собрание на ОН, во врска најавата на рускиот претседател Владимир Путин за мобилизација на илјадници резервисти, соопшти шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. Заканата на рускиот претседател за употреба на нуклеарно оружје е „неприфатлива", изјави Борел во ОН и додаде дека „меѓународната заедница треба да реагира“. Претседателот Путин денеска нареди делумна мобилизација на резервисти за зајакнување на силите во воениот конфликт во Украина. Путин рече дека Западот сака да ја уништи Русија и предупреди дека доколку постои закана по територијалната целовитост на Русија ќе бидат употребени „сите средства“. аб/

Остани поврзан