• среда, 27 ноември 2024

Министерската Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерската Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена на ученици, студенти и наставно - научен кадар, денеска разговараа министерката за образование и наука Весна Јаневска и романската амбасадорка Адела Моника Аксинте, соопштија денеска од Министерството за оразование и наука.

Јаневска и Аксинте се осврнале на можностите во иднина да се доделуваат стипендии за изучување на македонскиот и на романскиот јазик, литература, култура и цивилизација на Универзитетот во Букурешт, односно на Лекторатот за романски јазик при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Изразувајќи благодарност до амбасадорката за заложбите за понатамошен развој на добрите билатерални односи, министерката Јаневска укажала дека соработката со Романија е од национален интерес и очекува исполнување на одредбите од Протоколот за соработка кој двете држави го потпишаа во 2023 година. сст/лв/

 

Остани поврзан