• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Министерот Љутков на отворање на „Форум за културни рути на Советот на Европа во функција на развојот на културниот туризам“

Министерот Љутков на отворање на „Форум за културни рути на Советот на Европа во функција на развојот на културниот туризам“

Скопје, 16 април 2025 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе се обрати на отворањето на настанот „Форум за културните рути на Советот на Европа во функција на развојот на културниот туризам“.

На Форумот, соопштија од МИнистерството за култура и туризам, ќе бидат презентирани културните рути на Советот на Европа во кои е вклучена и нашата држава: „Рута на Св. Кирил и Методиј“, „Винска рута-Итер Витис“ и „Рута на римски иператори и Дунавска винска рута“.

- Форумот претставува можност за дискусија, размена на идеи, мислења и искуства со други експерти и учесници од различни сфери за идниот развој на оваа област, се додава во соопштението. цр/мч/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан