• среда, 25 декември 2024

Министерот Чупи на средба со амбасадорката Брнз

Министерот Чупи на средба со амбасадорката Брнз
Скопје, 9 март 2022 (МИА) - Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Брнз во просториите на Владата. Како што информира прес-службата на Чупи, тој ја презентирал стратегијата и работните проекти на неговиот кабинет кои се посветени на дијаспората, особено во областа на културата, науката, образованието, странските инвестиции. -Меѓу другото, се зборуваше конкретно за нашата дијаспора во Соединетите Американски Држави, каде министерот планира посета во наредните денови. Фокусот на разговорот беше насочен кон воспоставување мостови на комуникација помеѓу централната и локалната власт и градовите каде што е концентрирана нашата дијаспора, се вели во соопштението. Амјбасадорката Брнз ги поздрави идеите и проектите наменети за дијаспората и изрази подготвеност и заложба фокусот на соработката да биде насочен кон унапредување на можностите за побрз, побезбеден и поевтин трансфер на девизните дознаки и создавање претпоставки за нивно попродуктивно користење. ки/са/  

Остани поврзан