• среда, 25 декември 2024

Министерот Филков се сретна со претставници на Националната Конвенција за ЕУ во РСМ (НКЕУ-МК)

Министерот Филков се сретна со претставници на Националната Конвенција за ЕУ во РСМ (НКЕУ-МК)

Скопје, 23 септемврии 2024 (МИА) - Долгогодишната успешна соработка меѓу НКЕУ-МК и Министерството за правда како и потврдена заложбата за нејзино продолжување во доменот на реформите и градењето на правната држава беа теми на разговор меѓу министерот за правда Игор Филков со координаторката на Конвенцијата, Милева Ѓуровска, копретседавачот од Европското движење во Република Северна Македонија, Мухамед Халили  и координаторката на РГ-3 – Правосудство и фундаментални права, Александра Деаноска Трендафилова
 
-Националната конвенција за ЕУ претставува платформа која дава можност на поширок круг на субјекти од научната и стручната област, граѓанскиот сектор и надлежните институции на државата да бидат дел од овој демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со Пристапните преговори за членство во Европската унија, се наведува во соопштението од Министерството за правда.
 
На средбата се разговарало за планираните активности на НКЕУ во делот на Поглавјето 23 Правосудство и фундаментални права и работните сесии кои се планирани да се одржат до крајот на годината. дма/са/

Фото: Министерство за правда 

Остани поврзан