• недела, 24 ноември 2024

Министерот Трипуновски на средба со земјоделци во Новаци за откупната цена на пченицата

Министерот Трипуновски на средба со земјоделци во Новаци за откупната цена на пченицата

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со земјоделци во општина Новаци за откупната цена на пченицата. 

- Денеска сум во посета на пелагониско, во општина Новаци, срцето на житницата во Република Македонија, на разговор со земјоделците околу почетокот и текот на откупот на лебното жито. Денеска ќе разговараме за сите отворени ситуации коишто се на прагот на жетвата. Претпоставувам дека и годинава ќе има проблеми како што имаше и минатата година, изјави Трипуновски.

Тој информира дека за наредните денови има закажано средби за откупот на пченицата со повеќе земјоделски здруженија, но и со млинарите и откупувачите на пченица во државава.

- Во текот на утрешниот ден имам договор за средба со земјоделски здружение од другите делови на Република Македонија на коишто исто ќе сакам да го слушнам нивното размислување, нивниот став и во четврток веќе имам договорено посебна средба со откупувачите, со млинарите коишто откупуваат пченица, да се обидам да ја сублимирам цела оваа ситуација, да извлечеме што е можно повеќе, денар плус за македонскиот земјоделец, којшто знаеме дека изминативе години претрпе многу штета од лошите политики, вели Трупиновски.

Посочи дека власта ја преземаат на половина од годината и дека заради лошите политики и непланското водење на секторот земјоделство веќе е направена одредена штета која што ќе влијае на цената на пченицата за оваа реколта. Но,  нагласи, ќе се преземат сериозни чекори и планирања за идната жетва.

Трипуновски наведува дека позитивните политики на Владата ќе се почувствуваат во тек на наредната жетва, односно, како што вели, кога оваа година ќе го подготвиме теренот и наредната година оние земјоделци коишто навистина произведуваат пченица ќе почувствуваат што значи вистинска грижа за нивното производство.лв/

 

Остани поврзан