• четврток, 26 декември 2024

Министерот Трипуновски во Белград на регионална конференција ”Трансформација на прехрамбрените системи”

Министерот Трипуновски во Белград на регионална конференција ”Трансформација на прехрамбрените системи”

Белград, 30 октомври 2024 (МИА) - Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес во Белград учествуваше на регионалната конференција „Трансформација на прехранбените производи“, заедно со српскиот министер за земјоделие Александар Мартиновиќ и црногорскиот вицепремеир и министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, јави дописникот на МИА од Белград.

Конференцијата во Белград беше во организација на Стопанската комора на Србија, подржана од српската Влада и ФАО- Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Како што изјави министерот Трипуновски на конференцијата „Трансформација на прехранбените системи“ се разговораше во делот за регенеративното земјоделско производство и климатските промени кои се предизвик во наредниот период.

-Ние како држава сме успешен пример за квалитетно земјоделско производство. На оваа конференција беа споделени искуства и практики што треба да се пресликаат во регионот, а конференцијата беше искористена и за размена на искуства со колегите од регионот во делот на одржливото земјоделско производство. Ова беше и една смерница како треба во наредниот период како регион да се движиме во делот на квалитетното и квантитетното земјоделско производство т.е. за обезбедување на квалитетна и здрава храна за нашето население, изјави министерот Трипуновски.

Целта на конференцијата во Белград беше да се привлече вниманието на важноста на секојдневните промени, кои по сите свои карактеристики претставуваат неопходен избор и кога се во прашање приносите од една страна, но и кога зборуваме за зачувување на природата и одржливиот развој. об/сст/

фото МИА архива

 

Остани поврзан