• вторник, 24 декември 2024

Министерот Тошковски утре на средба со македонските и српските полицајци кои патролираат низ Охрид

Министерот Тошковски утре на средба со македонските и српските полицајци кои патролираат низ Охрид

Охрид, 29 август 2024 (МИА) – Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утре ќе ги посети полициските службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија и на македонското МВР кои спроведуваат заеднички патроли на подрачјето на Охрид.

По средбата министерот Тошковски, заедно со соработниците од МВР и СВР Охрид, со полициските службеници од Србија и Македонија и полициското аташе на МВР на Република Србија, ќе остварат заедничка патролна активност по Кеј „Македонија“ до Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ по што ќе одржат прес-конференција.

Во рамките на посетата Тошковски, ќе оствари работна средба со раководството на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ и СВР Охрид.

Утрешната активност на министерот Тошковски е во согласност со Протоколот за соработка за време на туристичката сезона на МВР на РСМ и на Република Србија што неодамна беше потпишан помеѓу министрите за внатрешни работи на двете земји. аб/лв/

Фото/МИА

Остани поврзан