• четврток, 26 декември 2024

Министерот Тошковски во посета на системот за видеонадзор на сообраќајниците „Безбеден град“

Министерот Тошковски во посета на системот за видеонадзор на сообраќајниците „Безбеден град“

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како „Безбеден град“.

Во рамки на посетата беше запознаен со работата на оваа организациска единица, тековните активности и проблеми од делокругот на нивната работа.

-Во тој контекст беше истакнато дека во моментот ваков систем е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово, има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна.
Исто така бев информиран за наградбата на системот која е во тек, а која опфаќа замена на постојните камери со нови и проширување на системот со нови камери на точки кои досега не беа покриени. Водено, во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени, изјави министерот Тошковски.

Во иднина, додаде, треба во континуитет да се инвестира во овој дел, да се прошири и во другите градови низ државата, како и да се распредели дополнителен кадар со цел оваа организациска единица да работи непречено во текот на 24 часа, бидејќи, како што оцени, е од круцијално значење за обезбедување поволна безбедносна состојба. мч/ев/

фото: МВР

Остани поврзан