• четврток, 26 декември 2024

Министерот Селаковиќ утре во Охрид го отвара српскиот конзулат

Министерот Селаковиќ утре во Охрид го отвара српскиот конзулат
Белград, 22 јули 2022 (МИА) – Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ утре на 23. јули во Охрид ќе го отвори Конзулатот на Република Србија во овој град, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, на отворањето во Охрид пред гостите, меѓу кои ќе има и претставници од Република Северна Македонија и од Градот Охрид, ќе се обратат министерот Селаковиќ и почесниот конзул Михајло Филев. Конзулатот се наоѓа на улицата 7 ноември бр. 27, а свеченото отворање е закажано за 10:30 часот, се наведува во соопштението на српското МНР. Република Србија во јуни донесе одлука за отворање на конзулат во Охрид, а за почесен конзул поставен е Михајло Филев. Како што е објавено во Службениот гласник на Р.Србија, српскиот конзулат во нашата држава ќе ги опфаќа со работа општините- Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа. об/цр/

Остани поврзан