• петок, 20 декември 2024

Министерот Ристовски организираше прием за медалистот Стојановиќ

Министерот Ристовски организираше прием за медалистот Стојановиќ

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Министерот за спорт, Борко Ристовски денес во неговиот кабинет имаше средба со каратистот Стефан Стојановиќ освојувач на бронзен медал на Светското каратепрвенство за кадети, јуниори и младинци У21 што се одржа во Венеција, Италија. 

На приемот, министерот Ристовски истакна дека успехот на Стојановиќ е промоција за македонското карате и доказ за квалитетот на македонските млади спортисти.

- Овој резултат значи голем промоција за македонското карате и за македонскиот спорт. Медалот од Светското првенство е доказ за големата посветеност и за талентот на нашите млади спортисти и дава дополнителен мотив да продолжиме со поддршка и развојна спортот во Македонија. Честки за Стефан, за неговите тренери и за целатамакедонска репрезентација која достојно не претставуваше на ова Светскопрвенство за млади категории, истакна  Ристовски.

Стефан Стојановиќ е единствениот каратист од македонската репрезентација кој освои медал Мундијалот за кадети, јуниори и младинци во Италија.

На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските крате шампионати. Пред две години, на СП во Турција, тој освои сребро. зс/

Фото: Министерство за спорт

Остани поврзан