• среда, 27 ноември 2024

Министерот Нуредини ќе учествува на хибриден енергетски форум во Солун

Министерот Нуредини ќе учествува на хибриден енергетски форум во Солун
Атина, 11 септември 2020 (МИА) – На панел дискусија за енергетската соработка во Југоисточна Европа, во рамки на Енергетски форум за ЈИ, попладне ќе  учествува министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија Насер Нуредини, јави дописничката на МИА од Атина. Енергетскиот форум за Југоисточна Европа се одржува во Солун, ќе биде хибриден со ограничен број учесници со физичко присуство, а е во организација на американско – грчката трговска комора во соработка со Грчката асоцијација за енергетска економија, Атлантскиот совет и Трговската комора на САД. Според објавената агенда на форумот, на панел дискусијата под наслов „Југоисточна Европа: Енергетската соработка зад границите. Енергетската мапа на ЈИ Европа и иднината на Истмед“, министерот Нуредини ќе учествува заедно со министерот за животна средина и енергија на Грција Костис Хаѕидакис, помошникот државен секретар за енергетски ресурси на САД Франсис Фанон и државниот секретар, координатор на секторот за енергија во Министерството за економија и енергија на Романија Николае Хаврилет. -Во денешниот сè поконкурентен свет и со зголемената потреба за повеќе алтернативни ресурси, европските енергетски политики можат да бидат успешни само доколку Европската Унија тесно работи со сите свои партнери во целиот свет. Во истиот контекст, глобалниот геополитички развој и развојот на пазарот во текот на последните години ги истакнаа земјите од Југоисточна Европа како важни играчи на енергетската стратегија на ЕУ, соопштуваат организаторите во најавата на форумот. Меѓу учесниците на енергетскиот форум се и амбасадорите на САД во Грција, Северна Македонија, Бугарија и Србија. ср/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан