• вторник, 24 декември 2024

Министерот Муцунски ќе учествува на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим

Министерот Муцунски ќе учествува на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре престојува во работна посета на Рим на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.

На маргините на конференцијата, министерот Муцунски ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан