• недела, 24 ноември 2024

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Бугарија, Радуков

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Бугарија, Радуков

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија, Желјазко Радуков.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, соговорниците го потврдиле заедничкиот интерес и посветеност за натамошен развој на билатералните односи и унапредување на соработката во областите од заемен интерес, низ процес на меѓусебен дијалог кој подразбира негување на пријателство, добрососедство и заемно почитување меѓу двете држави кои воедно се и НАТО-сојузници.

На средбата, како што се наведува во соопштението, е зборувано и за заемните заложби за натамошно интензивирање на мултисекторската соработка, особено на економски план, но и во сите други области кои се од интерес за граѓаните на двете земји.фф/са/

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Остани поврзан