• среда, 25 декември 2024

Министерот Муртезани учествува на заседание на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел 

Министерот Муртезани учествува на заседание на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел 

Брисел, 24 септември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска престојува во Брисел, каде на покана на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, ќе учествува на денешното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК). 

Главна тема на состанокот на ГАК е Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото за 2024 година, со кој од годинава покрај земјите членки на ЕУ се опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Северна Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора. 

Од тие причини на денешното заседание на министрите или државните секретар за европски прашања на земјите членки на ЕУ се поканети и претставници на четирите земји од регионот. 

На состанокот на ГАК ќе присуствуваат и извршниот потпретседател на Европската комисија за Европскиот зелен договор, меѓуинституционални односи и предвидливост Марош Шефчович и еврокомесарите за правда и за соседска политика и проширување, Дидие Рејндерс и Оливер Вархеји.

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ пристигнаа во Луксембург утрово за Советот за општи работи на кој сите очекуваат одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Ма

Како што соопшти Европскиот совет, на заседанието е предвидено да се води дискусија за состојбата со владеењето на правото во земјите членки на ЕУ, а одделно и „да се разменат мислења за општиот тренд на состојбата со владеењето на правото“ во четирите земји кандидати за членство. 

Во Извештај на ЕК за владеење на правото 2024 година се врши анализа на состојбите во четири клучни области - судскиот систем, борбата против корупција, медиумскиот плурализам и слободата на медиумите и институционалните прашања поврзани со контролните механизми. 

Во делот од Извештајот за земјава се посочува дека се спроведени неколку бранови на реформи во правосудството и е усвоена нова стратегија за правосудството со цел да се подобри независноста, ефикасноста и професионалноста на правосудниот систем, но сепак независноста на судството и институционалниот капацитет за негова заштита од несоодветно влијание и натаму претставуваат причина за сериозна загриженост.    

- Нивото на утврдена независност на судството е многу ниско. Загриженоста останува и во однос на функционирањето и независноста на Судскиот совет, иако се преземени чекори во овој правец. Одлуките за именување јавни обвинители и судии беа критикувани од граѓанското општество дека не се засновани на објективни критериуми, се наведува во Извештајот.  

Според ЕК, преземени се мерки за подобрување на транспарентноста на судството и се воспоставени етички кодекси за обвинителите и за судиите, но ограничените финансиски средства влијаат на нивната финансиска автономија, а дефицитот на човечки ресурси може да влијае на квалитетот и ефикасноста на правдата.  

Во Албанија за две и пол години од кога почна процесот, досега со ветингот, односно проверка на потеклото на имотот и вмешаност во криминални активности, што го спроведува независна комисија

Во извештајот се посочува и дека е воспоставена сеопфатна национална антикорупциска стратегија, но дека има застој во нејзината имплементација.   

- Големиот ризик од корупција останува распространет во многу области. Неодамнешните измени на Кривичниот законик ја ослабеа правната рамка, негативно влијаејќи на справувањето со корупцијата, особено во случаите на корупција на високо ниво. Ограничувањата на ресурсите и недостигот на соработка меѓу националните власти го попречуваат ефикасното справување со корупцијата и го попречуваат воспоставувањето на стабилна евиденција за случаи на корупција на високо ниво, смета Еврокомисијата, посочувајќи дека Државната комисија за спречување на корупцијата продолжила со напорите за исполнување на својот мандат и покрај ограничените ресурси.   

Во документот се оценува и дека остануваат „предизвиците во однос на транспарентноста околу сопственоста на медиумите“, како и загриженоста во врска со одредени елементи на повторното воведување на рекламирањето финансирано од државата.  

Еврокомисијата посочува дека јавниот радиодифузен сервис се соочува со предизвици, како и дека покрај тоа што Агенцијата за заштита на слободен пристап до информации од јавен карактер обезбедува пристап до нив и покрај ограничените ресурси, сепак останува загриженоста за одбивањата и одолговлекувањето во обезбедувањето пристап до овие информации.   

- Законските мерки ги зајакнаа легалните гаранции за заштита на новинарите, но сепак забележани се закани и акти на насилство врз новинарите, се додава во Извештајот.  

Извештајот наведува и дека иако постои законска рамка и регистри за лобирање, засега се уште нема регистрирано лобисти, дека е ажуриран Законот за заштита на укажувачите, но и дека има „неколку празнини“ во однос на финансирањето на политичките партии.  

Според ЕК, политичката поларизација во македонското Собрание предизвика доцнење во носењето закони, што доведе до „прекумерна, а понекогаш и несоодветна употреба на забрзани законодавни процедури“.   

- Остануваат недостатоци во спроведувањето на процесите за инклузивно креирање политики врз основа на докази. Канцеларијата на Народниот правобранител нема доволно ресурси, а предизвиците за систематско следење на нејзините наоди и препораки остануваат. Граѓанските организации работат во севкупно адекватна средина, но остануваат предизвици за да се обезбеди одржлив ангажман во креирањето политики, се заклучува во делот од годишниот Извештај за владеење на правото во ЕУ за 2024 година посветен на земјава.  

Инаку, на заседанието на ГАК покрај за Извештајот за владеењето на правото, ќе стане збор и за дел од приоритетите на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, како и за подготовките на следниот Самит на Унијата, предвиден за 17 и 18 октомври 2024 година, со дискусија по нацрт-дневниот ред за средбата на шефовите на држави или влади на членките на блокот. сп/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан