• сабота, 23 ноември 2024

Министерот Муртезани назначен за главен преговарач со ЕУ

Министерот Муртезани назначен за главен преговарач со ЕУ

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - На денешната владина седница министерот за европски прашања, Орхан Муртезани е назначен за главен преговарач со Европската Унија за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, соопштија од Министерството за европски прашања. 

За заменик на главниот преговарач е назначена заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков. 
 
На оваа седница, се наведува во соопштението, задолжено е Министерството за европски прашања да подготви нова Одлука за воспоставување на структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. цр/aa/

Фото: МИА архива

Остани поврзан