• среда, 18 декември 2024

Министерот Мисајловски на средба со амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом

Министерот Мисајловски на средба со амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Кралството Норвешка е уште еден позитивен пример на земја сојузничка која во овие изминати години дава помош и стручна поддршка за развој на одбранбените капацитети, а со тоа и директно да влијае во зајакнување на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и Алијансата, истакнал министерот Владо Мисајловски на денешната средба со амбасадорката на Кралството Норвешка Кристин Мелсом во Министерството за одбрана.

- Искрена благодарност за досегашната соработка и континуираната поддршка од страна на Кралството Норвешка, за бројните донации за модернизација, опремување и зајакнување на капацитетите на Армијата, но и за сите обуки и поддршка за развој на персоналот и Центрите за обука кои се во рамки на Министерството за одбрана, рекол министерот Мисајловски, соопштија од МО.

Амбасадорката Мелсом ја потврдила силната соработка меѓу двете сојузнички земји и порачала дека Кралството Норвешка ќе продолжи да придонесува во развој на одбранбените капацитети и во регионалните иницијативи како што се Балканските медицински наменски сили и Регионалниот центар за односи со јавност. цр/ац/

Фото: МО

Остани поврзан