• четврток, 26 декември 2024

Министерот Минчев упати честитка по повод Денот на албанската азбука – 22 ноември

Министерот Минчев упати честитка по повод Денот на албанската азбука – 22 ноември

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев, лично и во име на Министерството за јавна админситрација упати честитка по повод Денот на албанската азбука – 22 ноември.

- Овој значаен ден е симбол на зачувувањето на културниот и јазичниот идентитет на албанската заедница, кој е нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество. Албанскиот јазик и азбука се темел на културната различност и богатството што ја обликува нашата заедничка иднина, посочува во честитката Минчев.

Како Министерство за јавна администрација, подвлекува минситерот Минчев, цврсто сме посветени на промовирање иницијативи кои ја поддржуваат јазичната и културната инклузија, обезбедувајќи еднакви можности и пристап до јавните услуги за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.

- Нека овој празник биде потсетник за важноста на меѓусебната почит и соработка, како темели за изградба на посилно и поинклузивно општество, вели министерот Минчев во четитката упатена по повод Денот на албанската азбука. цр/са/

Фото: Министерство за јавна администрација

Остани поврзан