• петок, 08 ноември 2024

Министерот Минчев се сретна со градоначалникот на Ново Место, Грегор Мацедони

Министерот Минчев се сретна со градоначалникот на Ново Место, Грегор Мацедони

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев, оствари средба со градоначалникот на Ново Место, Грегор Мацедони. Целта на средбата беше да се разгледаат можностите за соработка со фокус на размена на искуства во јавната администрација, општинската администрација и спроведување на заеднички проекти, информираат од Министерството за јавна администрација.

Министерот Минчев го информирал градоначалникот за започнатите реформи во јавната администрација и идните планови за работа на институцијата со која раководи и ја истакнал важноста на регионалната соработка и потребата за ефективна и квалитетна јавна администрација, а со тоа и подобри услуги за граѓаните преку иновации и добри практики.

Градоначалникот Мацедони споделил искуства од релизираните проекти во Ново Место и изразил поддршка за идни иницијативи и соработки со општините од нашата држава.

На средбата присуствувал и македонскиот амбасадор во Република Словенија, Горан Милевски. сст/дма/


Фото: Министерството за јавна администрација.

Остани поврзан