• недела, 24 ноември 2024

Министерот Минчев на средба со претставници на Националниот демократски институт

Министерот Минчев на средба со претставници на Националниот демократски институт

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари средба со претставници на Националниот демократски институт (НДИ) во Република Северна Македонија. Се разговараше за тековните проекти што Министерството ги спроведува, како и за можностите за идна соработка меѓу двете страни, но и важноста од зајакнување на демократските процеси и унапредување на капацитетите на јавната администрација, соопштија попладнево од Кабинетот на министерот.

- Дискусијата се фокусираше на иницијативи што имаат за цел да ја зголемат транспарентноста, да го подобрат владеењето и да ги поддржат демократските институции. Министерот изрази силна посветеност за тесна соработка со НДИ за развој на проекти што ќе имаат бенефит врз јавната администрација и пошироката заедница, се наведува во соопштението.

Претставниците на НДИ, како што се додава, ги истакнале нивните тековни напори за поддршка на демократските реформи и ја нагласиле нивната подготвеност за соработка со Министерството за јавна администрација, за постигнување заеднички цели, „насочени кон зајакнување на ефективноста и одговорноста на јавната администрација во Република Северна Македонија“. бд/са/

Фото: Кабинет на министерот за јавна администрација Горан Минчев

Остани поврзан