• сабота, 23 ноември 2024

Министерот Минчев на средба со претседателот и претставници на Националната федерација на Агенциите за привремени вработувања

Министерот Минчев на средба со претседателот и претставници на Националната федерација на Агенциите за привремени вработувања

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска одржал работна средба со претседателот Норик Селими и претставници на Националната федерација на Агенциите за привремени вработувања.

Како што информираа од Министерството за јавна администрација, на средбата се дискутирало за предлог законите што беа повлечени од собраниска процедура од страна на Министерството за јавна администрација, а се во процес на консултации со сите засегнати страни.

- Министерот Минчев потврди дека реформата на јавната администрација останува еден од главните приоритети на министерството и изрази посветеност за градење партнерски односи со сите засегнати страни. Тој исто така нагласи дека министерството е отворено за дискусија со сите чинители вклучувајќи ги и агенциите, а со цел остварување на ефективен социјален дијалог, се наведува во соопштението.

Минчев информирал дека Министерството ќе продолжи да се залага и посветено да работи на реформите во јавната администрација, се со цел подобрување на стандардите за вработените во јавниот сектор. цр/са/

Фото: Министерство за јавна администрација

 

Остани поврзан