Министерот Минчев на ифтарска вечера организирана од МАТТО по повод Рамазан
- Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на покана на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО), присуствуваше на ифтарска вечера по повод Светиот месец Рамазан – месецот на добрината, простувањето и хуманоста.

Скопје, 12 март 2025 (MИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на покана на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО), присуствуваше на ифтарска вечера по повод Светиот месец Рамазан – месецот на добрината, простувањето и хуманоста.
Како што соопшти МЈА, настанот беше можност за продлабочување на соработката и градење на мостови на почит и разбирање меѓу различните заедници.
- Благодарам на домаќините од МАТТО за гостопримството и укажаната чест. Посакувам преостанатите денови од постот за време на Светиот месец Рамазан да ги поминете со членовите на Вашите семејства, пријателите и најблиските, во слога и спокојство, во добро здравје, создавајќи убави дела и добрини, истакна Минчев.
Министерството за јавна администрација останува посветено на унапредување на инклузивноста и меѓусебното почитување како темелни вредности на општеството. ев/