• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Министерот Лимани на Регионална конференција во Тирана за унапредување на реформите во грижата за децата

Министерот Лимани на Регионална конференција во Тирана за унапредување на реформите во грижата за децата

Тирана, 9 апрл 2025 (МИА) – Во Тирана се одржува Регионална конференција на тема „Упредување на реформите за грижа на децата – можности врз основа на рамката за детска гаранција на ЕУ“ на која присуствуваат и македонски претставници, предводени од министерот за социјална политка, демографија и млади, Фатмир Лимани.

Во обраќањето на конференцијата, објави тој на фејсбук, нагласил дека заштитата на правата на децата и обезбедувањето на посветла иднина за секое дете е еден од врвните приоритети на Северна Македонија.

- На тој пат имаме постигнато забележителни резултати, пет години откако се стави крај на институционализација на децата; отворени се три Центри за поддршка на згрижувачките семејства; Владата на Северна Македонија со поддршка од ЕУ и УНИЦЕФ изработи Национален акциски план за правата на децата 2025-2029; Со поддршка на УНИЦЕФ се изработува анализа која ќе ги идентификува бариерите за најранливите деца и нивните семејства во пристапот до услугите во социјалната и детската заштита, здравство и образование, рекол министерот Лимани.

Додал дека е предвидено формирање на Комисија за правата на детето, која ќе ги координира сите активности и политики согласно обврските од Конвенцијата за правата на детето.

- Продолжуваме да се залагаме за намалување на детската сиромаштија, воведување на Европската детска гаранција, како и зголемување од 15 отсто на паричните додатоци наменети за децата, посочил Лимани.

На конференцијата, на која учествуваат претставници од земји од регионот, се обрати премиерот Еди Рама, кој меѓу другото оцени дека „оваа конференција служи како важна платформа за зајакнување на социјалните политики и заштитата на децата во регионот“. вт/цр

Фото: Фејсбук Лимани

Остани поврзан