• понеделник, 23 декември 2024

Министерот за јавна администрација Горан Минчев на Третиот меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“

Министерот за јавна администрација Горан Минчев на Третиот меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“

Белград,  22 ноември 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствува на Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржува од 22 до 24 ноември 2024 година на Белградскиот саем.

- Министерот Минчев изрази задоволство што Република Македонија, преку вакви значајни регионални иницијативи, ја зајакнува својата улога во промоцијата на културниот и економскиот потенцијал на земјата, особено во областа на винската и гастрономската индустрија, наведуваат во соопштение од Кабинетот на министерот за јавна администрација. 

Како што потенцираат, овој значаен настан, кој е дел од иницијативата Отворен Балкан, претставува најголема платформа за промоција на регионалните кулинарски и вински богатства, каде што своето место ќе го заземе и Македонија со својот автентичен гастрономски идентитет.

Во рамки на саемот, се одржува „Македонска вечер“, организирана под покровителство на Владата на Република Македонија и претседателот на Владата, Христијан Мицковски.

На оваа вечер присуствуваат високи делегати, владини претставници  и претставници од приватниот сектор, со што Македонија ќе има можност да ја презентира својата богата традиција во производството на вино и храна.

Оваа година, на саемот за вино, македонското учество на саемот ќе го опфатат голем број винарии и дестилерии, изложувачи на храна и ресторани со врвни македонски готвачи.

Преку нивната презентација, посетителите ќе имаат уникатна можност да ги вкусат врвните македонски вина, да уживаат во традиционалните вкусови и да се запознаат со гастрономските особености на нашата земја. ар/лв/

фото: МЈА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан