• среда, 25 декември 2024

Министерот за правда на Бугарија ќе предложи разрешување на главниот обвинител

Министерот за правда на Бугарија ќе предложи разрешување на главниот обвинител

Софија, 16 јули 2021 (МИА) - Министерот за правда на Бугарија Јанаки Стоилов најави дека ќе му предложи на Пленумот на Врховниот судски совет предвреме да го разреши главниот обвинител Иван Гешев, јави дописникот на МИА од Софија.

Стоилов рече дека добил извештај со сигнали од министерот за внатрешни работи на Бугарија Бојко Рашков за нарушувања извршени од главниот обвинител на земјата. „Сметам дека има активности и неактивности што го нарушуваат престижот на судството“, рече министерот за правда Стоилов. нк/паг/

Остани поврзан