• среда, 27 ноември 2024

Министерот за правда Лога оствари средба во Собрание со координаторите на пратеничките групи

Министерот за правда Лога оствари средба во Собрание со координаторите на пратеничките групи

Скопје, 11 април 2023 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога денеска остварил средба со координаторите на пратеничките групи во Собрание. Средбата, како што информираа од Министерството за правда, поминала во конструктивна атмосфера.

Лога ги информирал претставниците на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците за работната група за изборни реформи, потребата од имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик, како и иницијативата за нов Изборен Законик.

- Се дискутираше и за законодавната агенда, законите кои се предложени од Министерството за правда како и можностите  за нивно побрзо  усвојување во Парламентот. Договорено е вакви средби во Собранието да се одржат и во наредниот период а соработката со пратениците да се интензивира, информираат од Министерството за правда. цр/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан