• сабота, 23 ноември 2024

Министерот за правда Кренар Лога утре и задутре во работна посета на Хаг 

Министерот за правда Кренар Лога утре и задутре во работна посета на Хаг 

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога, утре ќе отпатува во дводневна работна посета на Хаг, Холандија, каде ќе присуствува на церемонијата за потпишување на Љубљанско-Хашката Конвенција во Палатата на мирот.

Како што соопштија од Министерството за правда, предвидено е министерот Лога да ја потпише Конвенцијата за меѓународна соработка во истрагата и гонењето на злосторството геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и други меѓународни злосторства.

На утрешниот настан ќе присуствуваат министри за правда од повеќе од 80 држави во светот.

На 15 февруари, Лога ќе оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран.

-Средбата која е иницирана од страна на претседателот Хамран, е во рамки на веќе воспоставената соработка како и разгледување на можностите за повторно покренување на прашањето за упатување на обвинител за врска од Република Северна Македонија во Европравда, информираат од Министерството за правда.

Оттаму, истакнуваат дека именувањето на јавен обвинител за врски од нашата држава во Европравда е еден од клучните предуслови за реализирање на меѓусебната соработка со оваа постојана мрежа на судските власти во светски рамки и обезбедување ефикасност во борбата против прекуграничниот криминал. ир/цр

Фото: Министерство за првада

Остани поврзан