• недела, 24 ноември 2024

Министерот за правда Кренар Лога во Берн се сретна со наговата швајцарска колешка Елизабет Баум Шнајдер

Министерот за правда Кренар Лога во Берн се сретна со наговата швајцарска колешка Елизабет Баум Шнајдер

Скопје, 8 септември 2023 (МИА) - Министерот за правда на Република Северна Македонија, Кренар Лога, денеска во Берн, Швајцарија, по повод Денот на независноста се сретна со неговата колешка, Елизабет Баум Шнајдер. Ова, како што соопшти Министерството за правда, е втора средба со највисоките органи на швајцарската правда, по скорешната средба со државниот обвинител на Конфедерацијата, Стефан Блејтлер.

Од Минисерството за правда посочуваат дека целите на ова интензивирање на контактите се зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал и корупцијата, размена на информации за овие категории на кривични дела, незаконски имот, проблеми со екстрадиции во нашата земја, можноста за евентуална помош во затворскиот систем, но и размена на искуства во овие области.

-Министерот Лога го доби ветувањето за соработка во овие сегменти, кои предвидуваат евентуално потпишување на договорот меѓу двете страни во кривичната и граѓанската област, обука на експерти, институционална помош и посета на колешката Шнајдер во Скопје, се наведува во соопштението.

Ова е прва посета по долги години на еден министер за правда на Северна Македонија на Швајцарија, каде што живеат голем број државјани на нашата Република. дма/аа/

Фото: Министерство за правда



 

Остани поврзан