• сабота, 23 ноември 2024

Министерот за одбрана на САД во посета на Бугарија, Петков разговараше со Харис

Министерот за одбрана на САД во посета на Бугарија, Петков разговараше со Харис
Софија, 14 март 2022 (МИА) - Министерот за одбрана на САД Лојд Остин оваа недела ќе ја посети Бугарија, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Остин во вторник ќе отпатува за Брисел каде ќе се сретне со колегите од другите членки на НАТО. Потоа ќе ја посети Словачка, а денеска во програмата е додадено и дека американскиот секретар за одбрана во своите планови додаде и трета станица - Бугарија.
„Патувањето е продолжено за еден ден, така што тој има можност да се сретне со цивилните и воените лидери на Бугарија. Ова е клучна станица од гледна точка на источното крило на Алијансата“, се наведува во соопштението.
Истовремено, прес-центарот на бугарската влада соопшти дека премиерот Кирил Петков имал телефонски разговор со американската потпретседателка Камара Харис. За разговорот не се познати многу детали, освен дека таа се заблагодарила на премиерот Петков и на бугарската влада за хуманитарната помош на Софија за Украина, како и за прифаќањето бегалци од војната предизвикана од Русија. нк/паг/

Остани поврзан