• недела, 24 ноември 2024

Министерот за одбрана на БиХ тврди дека има фотографии од паравоени руски кампови во РС

Министерот за одбрана на БиХ тврди дека има фотографии од паравоени руски кампови во РС

Сараево, 23 ноември 2023 (МИА) - Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез денеска изјави дека во областа Рогатица и на планината Маглиќ, во Република Српска, има воени кампови за обука на паравоени формации. Хелез за Радио Слободна Европа изјави дека поседува и фотографии, пренесе Бета.

-Не е тајна, луѓето ги гледаат селата околу Рогатица, луѓето фотографираат среде бел ден дека таму има вежба. Имам фотографии, ќе ги покажам на телевизија, рече тој.

Хелез синоќа на телевизија Н1 ги презентираше првите информации за наводно постоење кампови за обука на паравоени формации во РС, наведувајќи дека станува збор „за некои млади и некои луѓе од Русија“, не сакајќи да каже од кого ја добил информацијата .

На тврдењата на Хелез реагираше министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ  кој остро ја осуди и отфрли изјавата на министерот за одбрана на БиХ за постоење на руски воени кампови во РС, кои работат под закрила на МВР на РС. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан