• среда, 25 декември 2024

Министерот за одбрана во Полска: Нема план за задолжителен воен рок

Министерот за одбрана во Полска: Нема план за задолжителен воен рок

Варшава, 22 мај 2024 (МИА) - Во моментов, Полска не размислува повторно воведување задолжителна воена служба, бидејќи интересот за приклучување во вооружените сили останува голем, изјави пред парламентарците министерот за одбрана, Владислав Кошињак-Камиш, јави ДПА.

Кошињак-Камиш рече дека „нема причина“ да се оди подалеку од доброволната служба бидејќи се уште има „доволен“ број Полјаци кои се приклучуваат на армијата.

Според плановите, полската армија треба да порасне на 300.000 војници во наредните години.

Министерот за одбрана рече дека полската армија моментално има околу 198.000 војници. Покрај околу 140.000 припадници на професионалната армија, има и над 20.000 млади мажи и жени кои завршуваат доброволна основна воена служба. Уште 35.000 Полјаци се членови на доброволните сили за територијална одбрана.

Полска го укина задолжителниот воен рок во 2009 година. Мажите полнолетни се уште треба да се појават пред воениот одбор и да се пријават за да бидат повикани во случај на војна. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан