• сабота, 23 ноември 2024

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка

Белград, 7 мај 2023 (МИА) – Министерот за образование на Србија, Бранко Ружиќ поднесе до премиерката Ана Брнабиќ неотповиклива оставка, јави дописникот на МИА од Белград.

-Во светот на катаклизмична трагедија која ја задеси нашата држава и граѓаните и граѓаните во ОУ Владислав Рибникар, користам можност уште еднаш во неискажана болка да изразам најдлабоко сочувство на најмилите на настраданите, малите ангели да почиваат во мир и Господ да ни е на помош, ова никогаш повеќе да не се повтори, порача во оставката Ружиќ.

Драматичните слики на настаните, солзите при изразувањето на сочувство, наведе тој, доживотно ќе ги носам како печат на душата.

-Како одговорен човек, воспитан, професионален во извршувањето на своите јавни должности, како родител и граѓанин на Република Србија, врз основа на  член 23 од Законот за Влада, донесов рационална и чесна одлука. Поднесувам неотповиклива оставка на местото министер за образование во Владата на Република Србија, стои во оставката на Ружиќ.об/лв/

Остани поврзан