Министерот за здравство на Грција протагонист во спот од кампањата за возење мотор со кацига
- Личното искуство за сообраќајна несреќа додека возел мотор и се нашол на асфалтот, но поминал неповреден поради тоа што носел кацига, го сподели министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис во спотот што е дел од кампањата за задолжително носење кацига за мотоциклистите, спот во кој лично тој е протагонист, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 16 декември 2024 (МИА) – Личното искуство за сообраќајна несреќа додека возел мотор и се нашол на асфалтот, но поминал неповреден поради тоа што носел кацига, го сподели министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис во спотот што е дел од кампањата за задолжително носење кацига за мотоциклистите, спот во кој лично тој е протагонист, јави дописничката на МИА од Атина.
-Млад книжар тогаш, возам мотор во близина на Министерството за здравство. Автомобил не застанува на знакот СТОП. Тогаш неискусен возач, ја притискам предната кочница. Не сфатив како се најдовме на асфалтот, јас на една страна, моторот на друга, книгите на трета. Но, носев кацига. Станав и продолжив со животот, раскажува Георгиадис во видеото што го објави на платформата Икс.
Έχω πραγματικά αρρωστήσει με όσα μαθαίνω και βλέπω κάθε μέρα στα Νοσοκομεία μας, από νέα κατά κύριο λόγο παιδιά, που χάνουν την ζωή τους επειδή δεν φορούσαν κράνος! Αγρίνιο, Κίσσαμος Χανίων, Βόλος κλπ μερικές από τις πόλεις που θρηνούν δικά τους παιδιά, που έφυγαν έτσι τις… pic.twitter.com/6BsEOdtjhf
— Άδωνις Γεωργιάδης (@AdonisGeorgiadi) December 16, 2024
Истакна дека секојдневно млади луѓе ги губат животите затоа што не носат кациги, „секоја година умираат стотици луѓе, се уништуваат семејства, ја губиме иднината за нешто толку едноставно!“ и порача дека „Кацигата спасува животи“.
- Денеска ви претставувам еден спот што го снимивме завчера со моите соработници за да ја подигнеме свеста колку што можеме и да видиме за какви други активности ќе смислиме, напиша на Икс министерот за здравство на Грција.
Паралелно се осврна и на средбата што во петокот ја имаше со Федерацијата на сопственици на бензински пумпи за кампањата „Нема бензин, ако не носиш кацига“ за безбедност во сообраќајот на возачите на мотори и заштита на човечките животи. ср/