• петок, 13 февруари 2026

Министерот за економија и труд Дурмиши се сретна со хрватската амбасадорка Тигањ

Министерот за економија и труд Дурмиши се сретна со хрватската амбасадорка Тигањ

Скопје, 23 јануари 2026 (МИА) - Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ, на која беа разгледани состојбите и перспективите за унапредување на билатералната економска соработка меѓу двете пријателски земји, соопшти Министерството. 

На средбата било констатирано дека одличните политички односи и традиционално добрите билатерални врски создаваат силна основа за натамошно интензивирање на економската и бизнис соработката, особено во контекст на европската интеграција и регионалната поврзаност.

-Министерот Дурмиши ја истакна позитивната динамика во надворешно-трговската размена, при што вкупната трговија меѓу двете земји бележи континуиран раст, а извозот на Република Северна Македонија кон Хрватска во последните години значително се зголемува. Двајцата соговорници се согласија дека постои дополнителен потенцијал за продлабочување на соработката во клучни сектори како што се прехранбената индустрија, енергетиката, фармацијата, градежништвото, индустриското производство и туризмот, се вели во соопштението од Министерството за економија и труд. 

Посебен акцент бил ставен на странските директни инвестиции, при што бил истакнат растечкиот тренд на хрватските инвестиции во Северна Македонија, особено во услужниот сектор, преработувачката индустрија и ИТ-дејностите. Министерот нагласил дека Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима и дополнителни стимули за привлекување нови инвестиции и отворање квалитетни работни места.

Двајцата соговорници ја потврдиле заедничката подготвеност за натамошно јакнење на економската дипломатија, организирање бизнис форуми и поддршка на директна соработка меѓу стопанските комори и компаниите од Северна Македонија и Хрватска, со цел целосно искористување на економските потенцијали во интерес на граѓаните на двете држави. сст/дма/

Фото Министерство за економија и труд 

Остани поврзан